За Претставништвото на Фондацијата Млада Полонија во Македонија
Претставништвото на Фондацијата Млада Полонија во Македонија е формирано на 20.11.2009 год. од страна на Одборот на Фондацијата Млада Полонија во Варшава, во согласност со Резолуцијата бр. 19/09/Z.
Седиштето на Претставништвото се наоѓа во Скопје.
Претставништвото дејствува во делокругот на Статутот на Фондацијата Млада Полонија, како Организација од јавен интерес.
Функцијата Директор на Претставништвото ја извршува Госпоѓа Моника Ристеска.
Директорите на Претставништвата поседуваат овластувања доделени со Резолуциите на Одборот за застапување на Фондацијата во дадената земја.
Мото на Фондацијата
„Големото ангажирање на Фондацијата Млада Полонија во неовообичаено тешката проблематика на создавање на врските меѓу потомците на имигрантите и татковината на нивните предци, е неизмерно достојно за највисока поддршка...“
Претседателот на Полска Ришард Качоровски
- Последниот претседател на Полска во прогонство
Лондон, 12.VIII.1996 год.
Претседателот на Полска Ришард Качоровски
- Последниот претседател на Полска во прогонство
Лондон, 12.VIII.1996 год.
Фондацијата Млада Полонија до сега е единствената Фондација во Полска, која на комплексен и длабински начин го претставува и распространува културно-социјалното покровителство во круговите на младите со полско потекло во странство.
„Претставништвото во Македонија е едно од најмладите назначени од страна на Фондацијата Млада Полонија, но и едно од најактивните. Во февруари 2010 година, г-ѓа Моника организираше заедно со Амбасадата на Република Полска во Скопје, како и невладината организација Генератор во Србија прекрасна церемонија за одбележување на 200-годишнината од раѓањето на Фредерик Шопен, којашто се одржа во Младинскиот Културен Центар во Скопје.“ -
- М-р Јузеф Качмарек, Основач на Фондацијата Млада Полонија и Шеф на канцеларијата на Фондацијата
(12.12.2010 - Коминике за дејностите на Претставништвата)
- М-р Јузеф Качмарек, Основач на Фондацијата Млада Полонија и Шеф на канцеларијата на Фондацијата
(12.12.2010 - Коминике за дејностите на Претставништвата)