Директор на Претставништвото - Госпоѓа Моника Ристеска
За мене, неизмерно голема чест е репрезентирањето на интересите на Фондацијата Млада Полонија на територија на цела Македонија.
Би сакала да ги интегрирам младите со полско потекло, кои живеат во Република Македонија. Во исто време, би сакала на секаков можен начин (преку директни контакти, како и по електронски пат) да ја претставувам Полска и се што е поврзано со неа, на жителите на Македонија. Поради оваа причина, се надевам дека ќе ме поддржите во моите идни и сегашни дејствувања што произлегуваат од статусот на Фондацијата, како Организација од јавен интерес.
Ги замолувам за соработка сите организации и заедници на полската емиграција во Македонија, како и сите заинтересирани Полјаци, кои живеат во Република Македонија.
Да не заборавиме дека, покрај почитта кон сопствените корени, мора да го почитуваме и потеклото на другите луѓе. Да ги почитуваме сопстевените корени и сопствената култура, но да ги почитуваме и другите култури.
Однапред Ви благодарам,
Моника Ристеска (МониК)

Учествував во „Полонијада 2010“ - Отмено збиднување на Фондацијата Млада Полонија и освоив „Grand Prix“ награда за мојот труд посветен на - Господинот Танас Вражиновски (македонско-полски етнолог и фолклорист).
Ја поттикнувам младината со полско потекло, активно да учествува во сите конкурси организирани од страна на Фондацијата!

Еве го линкот до моето двојазично (на полски и на македонски) интервјуто со г-дин Станислав Пигоњ, најдобриот промотор на Македонија:
- http://style.mnogoo.mk/mk/articles/lichnosti/stanislav-pigonj-i-negovata-ljubov-za-makedonija

Неколку збора за мене, на Веб-сајтот на г-ѓа Агата Калиновска Bouvy - Директор на Претставништвото на Фондацијата Млада Полонија во Франција:
http://sites.google.com/site/fpmfrance/przedstawicielstwa/-macedonia